Македонскиот претставник во WABA лигата беше убедлив против екипата од Градски парк со 92:46, дозволувајќи му на противникот 22 поена во првата, а потоа 24 поени за 30 минути во преостанатиот дел од мечот.
Вардар славеше на гости кај Крива Паланка исто така со убедливи 55:88. Победниците имаат перфектни 4/0, Крива Паланка има 2/2, додека Работнички нема победа во четири одиграни средби на стартот на сезоната.
Екипата на БАскет КАМ победи против МЗТ Скопје Аеродром со убедливи 109:40 и се наоѓа на 3-та позиција со учинок три победи и еден пораз, доживеан од Бадел, тимот што минатата сезона го совлада за двете титули.
