Најтрофејната екипа во нашата женска кошарка, ЖКК Бадел 1862 и официјално го потврди учество во регионалната WABA лига, за претстојната сезона 2021/22.
„Учеството во ова регионално натпреварување ќе претставува дополнителна можност за младиот тим на вицешампионот за докажување на меѓународен план во натпреварите против реномирани екипи од калибарот на ЖКК Будуќност Бемакс, Берое, Цинкарна Цеље, Монтана…“ – истакнуваат од Бадел, во официјалното соопштение на оваа тема.
Освен што ќе придонесе за кревање на квалитетот на македонската кошарка, Бадел ќе ја продолжи идејата која проникна од поодамна со учество во младинската јадранска лига, што сега се претвора и во сениорски предизвик.
