Со победа во мечот за врвот на табелата во оваа дивизија, кошаркарките на Бадел обезбедија максимален скор од 12 победи во исто толку одиграни натпревари, пред стартот на втората фаза од шампионатот во која се пласираа по три екипи од источната и од западната страна на нашата женска прва лига.
Совладан беше Работнички со 69:43, екипа која заедно со Струга, обезбеди место во Суперлигата. Во првиот период беше 28:7, што беше решавачко за мечот. Димова со 21 и Стојановска со 20 поени беа најпрецизни кај победникот, но Муса од Работнички беше најдобар стрелец на мечот со 22 поена.
