На тренинзите на нашата А селекција, се приклучи уште една алка без која не може да функционира еден национален тим.
Турскиот кондициски тренер, Ерен Хангун ќе биде дел од експедицијата што ќе замине на долгиот пат во Перм.
„Многу ми е драго што сум повторно со тимот кој сега, добро го познавам. Сега ќе ми биде полесно, затоа што двапати веќе се среќававме и одлично се познаваме.“
Македонија ќе одигра четири средби во пет дена во Русија, против домаќинот, со Италија и со Естонија, во битка за место кое води на следното ЕП.
Присуството на кондициски тренер е неизбежно во современиот спорт, особено во вакви услови кога за кратот период, се играат многу натпревари.
