ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Австралија ја освести Чешка, влегува во битката за тронот

Австралија ја освести Чешка, влегува во битката за тронот

сподели
FIBA

Бумерите се пласираа во полуфиналето на 18-то светско првенство, победувајќи го европскиот противник во првиот елиминациски филтер, со 82:70. Пети Милс беше лидер на Австралијците со 24 поени, 6 асистенции и 4 скока.

FIBA

Пресуден беше периодот во третата четвртина кога по резултат 43:43, селекцијата од петтиот континент имаше серија 25:5. Чесите експериментираа со ниска петорка во второто полувреме, а тоа им се врати со 41/34 во скокови за противникот.

FIBA

Австралија имаше повеќе поени и од втора шанса, 14:2 во однос на чешките, а доминираше и во поени по грешките на противникот со 25. Триото Милс-Гулдинг-Богут постигна 43 поени за репрезентацијата на Кенгурите.