ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Австралија гази сигурно, на патот кон историјата

Австралија гази сигурно, на патот кон историјата

сподели
FIBA

Ова е веќе нивно најдобро остварување на светските првенства, пласманот во полуфиналето на еден мундијал, а воедно обезбедија и олимписка виза за Токио 2020 како најдобропласирана земја на 18-от светски самиот од географската зона Океанија.

Австралија првпат помина еден меч од елиминациите на едно СП, a следен противник, за место во финалето, ќе и биде селекцијата на Шпанија, во Пекинг на 13-ти септември. За една од овие две репрезентации, баксузниот датум ќе биде среќе, затоа што ќе и домесе сигурен медал, најмалку сребро.

Досега, Австралијците имаа 4 четвртфинални пласмани, 1982-та година во Колумбија се пласираа на 5-та позиција. На претходниот шампионат, одигран во Шпанија 2014-та година, селекцијата од петтиот континент заврши на 12-та позиција.