ПОЧЕТНА ЕВРОПА Аврио кошарко, ПАО шампион!

Аврио кошарко, ПАО шампион!

сподели
фото: PAO BC

Грчката кошаркарска лига официјално нема да се доигра, сезоната 2019/20 е завршена, а федерацијата на оваа земја го прогласи за шампион Панатинаикос од Атина.

Клубовите се состанаа и едногласно одлучија да заврши првенството кое беше прекинато поради пандемијата коронавирус. Нема испаѓање, следната сезона ќе има 16 наместо 14 екипи.

Ќе потсетиме дека Олимпијакос административно беше префрлен во понизок ранг натпреварување и играше само Евролига, а со втората екипа играше во Втората грчка кошаркарска лига.