ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АВ Охрид трет на турнирот во Бугарија

АВ Охрид трет на турнирот во Бугарија

сподели

Македонскиот прволигаш со победа си заминува од Самоков каде гостуваше претходните два дена.

Во мечот за третото место АВ Охрид го совлада Черноморец со 81:67 со што стави крај на меѓународните тестови во пресрет на новата сезона. Екипата предводена од Марјан Илиевски доминираше во текот на целиот натпревар, на полувреме имаше +9 (37:28), а точка стави во последната четвртина.

Најефикасни во екипата на АВ Охрид беа Мијатовиќ и Џексон со по 16 поени, а двоцифрени беа уште Пенов и Мекиќ со по 10.

По враќањето од Бугарија, нашиот тим планира подготвителен натпревар со Пелистер, но дополнително ќе бидат одредени терминот и местото на одигрување. Новата сезона во македонското првенство почнува на 6 октомври, АВ Охрид во првото коло гостува во Гевгелија.

Трофејот на турнирот во Самоков го освои домаќинот Рилски спортист кој во финалето го совлада ПАОК со 87:86.