Нашата женска А селекција доби нов селектор. Доскорешниот асистент на клупата на репрезентацијата, Александар Ашаданов доби можност од страна на раководството на КФСМ, да раководи со перјаницата на македонската женска кошарка.
Квалификациите за ЕП 2023 ќе бидат пеколен тест и за новиот селектор и за кошаркарките. Пред квалификациските мечеви во ноември, Македонија може да здивне затоа што за дуелите со Германија и Босна, се враќа Американката Дјуана Бонер.
