ПОЧЕТНА ЕВРОПА Армани во шеста брзина

Армани во шеста брзина

сподели
euroleague.net

Можеби во домашното првенство не оди како што треба, но италијанскиот гигант чекори одлично во Евролигата. По стартниот пораз од Баерн, Армани ја оствари шестата победа во низа, совладувајќи ја Басконија на домашен терен со 81:74.

Натпреварот беше емотивен за Луис Скола кој првпат се соочи со својот поранешен клуб. Можеби поради тоа не се истакна многу, постигна шест поени за 14 минути. Милано сега е прв на табелата, но ЦСКА и Барселона имаат по натпревар помалку.