ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Антиќ му честита роденден на Богдановиќ: Уште сум подобар шутер од...

(ФОТО) Антиќ му честита роденден на Богдановиќ: Уште сум подобар шутер од тебе

сподели
Фото: Beta/Branislav Božić

Ѕвездата на српската репрезентација го прослави 27-миот роденден, а една од најинтересните честитки стигна од Македонија.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ преку Инстаграм го поздрави својот поранешен соиграч од Фенербахче со кого заедно ја освои титулата во Евролигата.

„Нека му е среќен роденденот на овој лажен рапер. Уште сум подобар шутер од тебе, брате“, напиша Антиќ.

Богдановиќ, кој за својот роденден одигра фантастичен натпревар против Грција на Акрополис купот и постигна 28 поени, му се изнасмеа.