ПОЧЕТНА А Репрезентација (ФОТО) Антиќ го најде новиот селектор?

(ФОТО) Антиќ го најде новиот селектор?

сподели
Тони Симиќ (селектор М18) и Перо Антиќ (Претседател на КФСМ), на третиот дел од задолжителните семинари за тренерска лиценца за претстојната сезона 2019/20.

Неколку часа откако беше објавено дека му е истечен договорот на Јорданчо Давитков и дека нашиот легендарен кошаркар и тренер нема да остане на функцијата, претседателот на КФСМ на Инстаграм објави фотографија со можеби новиот предводник на националниот тим.

фото: Инстаграм

На фотографијата Антиќ е со Октај Махмути, прославениот турски стручњак, роден во Скопје кој во својата кариера водеше гиганти како Бенетон, Анадолу Ефес, Галатасарај, Дарушафака итн.

Фото: ФБ

Интересно е тоа што во ист ден, уште еден функционер во КФСМ, Бали Саити, исто така на социјалните мрежи објави фотографија со Махмути.