ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ангели и Шкупи во Прва лига, првенството се одложува

Ангели и Шкупи во Прва лига, првенството се одложува

сподели

Откажувањето на АВ Охрид предизвика земјотрес во македонската кошарка на само пет дена пред почетокот на првенството.

Basketball.mk дознава дека откако останаа десет екипи, во текот на денов ќе им биде понудено на Ангели и Шкупи да учествуваат во Првата лига. Својот одговор треба да го дадат до крајот на работната недела по што точно ќе се знае колку тимови ќе го почнат првенството.

Сигурно е дека ќе има нова ждрепка, а почетокот на новата сезона во Првата лига ќе биде одложен, односно ќе стартува најрано на 12 октомври.