ЦОГОЛЕНД

Амстердам ја покори Доха

foto: fiba.basketball

Најголем победник во моментов е 3х3 баскетот, затоа што се врати по долг период на хибернација и имаше што да ни покаже, на Мастерсот во Доха. Се случи историја! Поделената екипа на Нови Сад, против новата екипа на УБ. Булут и Ивошев против Мајсторовиќ и Савиќ, кои беа довчерашни соиграчи кои имаат освоено многу заеднички титули.

Пред се, треба да и се честита на екипата на Амстердам, на која по многу години, ова и е прв освоен Мастерс. Видовме дека секој секого може да победи, а сега треба да знаат сите дека веќе нема потценување за никого. Моментално, на 3х3 сцената има ногу добри екипи, искусни и гладни за нови остварувања.

foto: fiba.basketball

Имаше многу сменети состави, за разлика од годините наназад. Екипата на Амстердам се појави во сосема нов состав, па се покажа дека смената добро им влијае и дека треба добро да се обрне внимание кога ќе се игра против нив. Максим Ковачевиќ (до лани играчот на Лиман) им е од преголема помош и со своето искуство има голем придонес за одличниот резултат.

Нови Сад си е Нови Сад и покрај тоа што е нова екипа, со многу ротации во составот. Овој тим повторно покажа дека никогаш нема да се откаже од насловот, без разлика каде и против кого ќе игра! Сепак, кога играш против Душан Булут, тогаш ти останува само да се бориш максимално до крај и ако можеш некако да изненадиш, ОК, а ако не, пак е ОК…

foto: fiba.basketball

За голема пофалба е екипата на Лиман, која ми остави голем впечаток. Тоа е борбена екипа која игра смирено и на сигурен кош. Екипата која и со 3 играчи покажа дека е заслужено број 1 во СВЕТОТ (за жал се повреди Стефан Којиќ, на првиот натпревар од групната фаза).

Пофалба имам до Небојша Килијан, кој е добро познато име во 3х3 светот и нов играч на Лиман. Се покажа како големо освежување, а и добар организатор на играта (Килијан има македонско потекло и во процес е на добивање на македонски документ).

УБ беше прв фаворит на овој Мастерс (познатите имиња Мајсторовиќ и Савиќ, дојдени од 3×3 Нови Сад), иако е нова екипа, неуиграна. На овие играчи, ова им беше прв Мастерс заедно. Сепак, тоа е тим со многу, многу квалитет во своите редови. Очекувам веќе на секој следен Мастерс да бидат најмалку финалисти, без проблем!

foto: fiba.basketball

Рига … ме изненади со слабата игра во Доха. Не покажа ништо специјално и затоа заврши предвреме. Ова е искусна екипа, која овој Мастерс брзо мора да го заборави и од следниот да се врати на победничките патеки.

Откритие на турнирот беше играчот на Нови Сад, Страхиња Милошевиќ. Ова е прв негов Мастерс, а играше како да има играно 3×3 на најмалку 100 турнири и 10 години наназад. Неверојатен играч, поранешен член на Партизан кој играше на Фајнал 4 турнирот на Евролига во Париз. Секако, очекувам да се вклопи уште подобро на следниот турнир.

Дотогаш, следете не со најновите 3х3 информации…

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top