МАКЕДОНИЈА

Американско засилување во Кисела Вода

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски, архива).

По стартните два пораза во националното првенство од екипите на КК Феникс 2010 од Скопје и КК Пелистер од Битола, Академија ФМП реши да го засили својот ростер и да донесе дополнително засилување за преостанатиот дел од сезоната во домашното првенство и во БИБЛ лигата.

Во нашата престолнина доаѓа 25-годишниот американски кошаркар, кој настапува на позициите 1 и 2, Бре Ајви за кого ова е прво интернационално искуство. Тој доаѓа од колеџот Сан Хозе Стејт каде во просек постигнуваше по 8.8 поени, со 2.7 скока и 2.5 асистенции по натпревар.

Бре Ајви ќе му се приклучи на скопскиот тим во наредните денови и ќе му биде на располагање на тренерот Александар Петровиќ за натпреварот со Кожув, кој академците ќе го одиграат наредниот викенд, на гости во Гевгелија.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top