По стартните два пораза во националното првенство од екипите на КК Феникс 2010 од Скопје и КК Пелистер од Битола, Академија ФМП реши да го засили својот ростер и да донесе дополнително засилување за преостанатиот дел од сезоната во домашното првенство и во БИБЛ лигата.
Во нашата престолнина доаѓа 25-годишниот американски кошаркар, кој настапува на позициите 1 и 2, Бре Ајви за кого ова е прво интернационално искуство. Тој доаѓа од колеџот Сан Хозе Стејт каде во просек постигнуваше по 8.8 поени, со 2.7 скока и 2.5 асистенции по натпревар.
BRAE IVEY!!!!
He drains a triple at the buzzer and we are heading to OT!!!#SpartanUp pic.twitter.com/bOjjsE2mDu
— San Jose State Men’s Basketball (@SanJoseStateMBB) January 27, 2019
Бре Ајви ќе му се приклучи на скопскиот тим во наредните денови и ќе му биде на располагање на тренерот Александар Петровиќ за натпреварот со Кожув, кој академците ќе го одиграат наредниот викенд, на гости во Гевгелија.
