Иако влегоа како фаворит во дуелот со Франција и имаа сигурно водство во последната минута, НБА играчите дозволија триколорите да симнат на -3 и да се понадеваат дека ќе бидат првите кои двапати на едни олимписки игри ја победиле Америка.
САД го освои 4-то редоследно злато, вкупно 16-то во колекцијата. Австралија одигра маестрално во последниот меч и убедливо го порази дебитантот Словенија, што беше дуел за прв олимписки медал за двете земји.
Резултати:
Франција - САД 82:87
Словенија - Австралија 93:107
