МАКЕДОНИЈА

Амбициите потонаа, тренерот си замина

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Нашата најтрофејна екипа сезонава остана со празни раце, иако беа вложени солидни средства и донесени многу играчи во ростерот, кој, рака на срце постојано варираше, во обидот да се врати местото на тронот во двете натпреварувања.

Наместо титули, центарци мораа да се задоволат со пораз во финалето на Купот од најлутиот ривал МЗТ Скопје Аеродром кој има одлична сезона, односно со чисти 2:0 во полуфиналето на шампионатот од Еуро Никел. Дебаклот во АБА 2, воопшто не го споменуваме.

Првата голема жртва на ваквиот епилог на сезоната, е тренерот Димитар Мираковски кој не ги исполни очекувањата и најверојатно не можеше да се справи со притисокот што го носи столчето на најжешката клупа во Македонија.

Ако се прават анализи ќе се најдат многу празнини во структурата на Работнички, почнувајќи од раководството на клубот, преку стручниот штаб, до играчкиот кадар. Останува да видиме што ќе донесе најавената реконструкција.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top