Гостивар веднаш најде замена за тренерот, кој го почна новиот проект што го разбуди градот на спортски план, во името на доскорешниот стратег на Кожув. По заминувањето од Гевгелија, Александар Јончевски е новиот кормилар на гостиварци.
Марјан Србиновски замина од клупата на која седеше од почетокот на новата ера на гостиварската екипа, која растеше од сезона во сезона, а во минатите две сезони дури беше и сериозен претендент за висок пласман и за трофеите во Македонија.
