Екипата од Кисела Вода славеше во Гевгелија со 77:84, против директниот ривал сезонава, за да докаже дека триумфот против фаворизираниот актуелен шампион МЗТ Скопје Аеродром, во претходната рунда, не беше на среќа или случаен.
Скопјани потфрлија само во третиот период, но во останатите три имаа апсолутна контрола над резултатот (17:24, 18:20, 25:15, 17:25). ФМП Академија е на четвртата позиција на табелата со скор 9/8 и се поизвесно гледа кон Суперлигата.
