ПОЧЕТНА НБА Адетокумбо во Лејкерс!

Адетокумбо во Лејкерс!

сподели

Иако се чинеше дека е готов ростерот за новата сезона, втората најтрофејна франшиза во НБА додаде уште еден играч.

Нов член на тимот е помладиот брат на Јанис Адетокумбо, Костас кој доаѓа од Далас Маверикс. Во својата единствена сезона таму, тој повеќе играше за филијалата Тексас Леџендс, а во НБА дебитираше на еден месец пред крајот на кампањата.

Костас потпишал договор на две години, а многумина во овој потег препознаа прв чекор кон трансферот на Јанис Адетокумбо кој ќе биде слободен играч во 2021 година.