Грчкиот интернационалец реализира ново остварување за вечноста, уривајќи го старото кое беше поставено 1968-та година. Јанис постигна 35 поени со 16/16 од поле, повеќето беа среќни кошеви, но тоа беше негова вечер во Атланта, во победата на Тим Леброн против Тим Дјурант со резултат 170:150.
Хал Грир имаше 8 прецизни од 8 упатени удари кон противничкиот кош, пред 53 години, кога постигна рекордни 19 поени во една четвртина и вкупно 21 поен, по што беше прогласен за МВП на тој натпревар. Истото признание, за првпат насловено „Коби Брајант“ го понесе и Адетокумбо, на Ол-Стар мечот за 2021-та.
