МАКЕДОНИЈА

50.000 денари казна, за напад на противнички играч

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот (фото: Никола Спасеноски).

Поради обид за физичка пресметка со играч од противничка екипа, вардарецот Андреј Делоски ќе треба да уплати 50.000 денари на сметката на КФСМ. Оваа санкција би требало силно да влијае на неговото и на поведението на другите играчи во нашата премиерна машка лига.

Натпреварот што се одигра во рамките на 18-то коло, заврши со победа на црвено-црните со 85:79, против директниот конкурент за што подобар пласман на табелата, па оттука е нејасно зошто се случил нападот врз, во случајов, единствениот странец во редовите на аеродромската развојна екипа.

Билтен на КФСМ

На крајот на натпреварот во контра напад при отворен пат кон кошот неспортски бил фаулиран играчот на КК Вардар Радош Д. од страна на играчот на КК МЗТ Уни Банка Монгомери Р., за што судиите исправно досудиле неспортска грешка.

Веднаш потоа играчот на КК Вардар, Деловски А. од едниот крај на теренот се затрчал до другиот крај на теренот и му се нафрлил за да се пресмета (го турнал со тело) играчот на КК МЗТ Уни Банка, Монгомери Р. За ова свое поведение од страна на судиите бил санкциониран со исклучувачка грешка, која е евидентирана во записникот.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top