ПОЧЕТНА Светски првенства Џанан Муса е новиот лидер на БиХ, падна Русија

Џанан Муса е новиот лидер на БиХ, падна Русија

сподели

Играчот на загребска Цедевита, кој што има 18 години постигна 18 поени во триумфот на неговата селекција (81:76), на стартот на квалификациите за пласман на следното СП.

Од избраниците на Душко Вујошевиќ, се истакнаа уште Немања Гордиќ (Будуќност) кој што постигна 16 поени, односно Андрија Стипановиќ (Цедевита) кој што имаше 13.

Во преполната арена „Мирза Делибашиќ“, кај Русите играа само Витали Фриѕон со 25 поени, 6 скока и 4 украдени топки, односно Анатоли Зубков со 12 поени и со 4 скока.