ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ќе има ли живот за Фени во Кавадарци?

Ќе има ли живот за Фени во Кавадарци?

сподели

По убедливата победа на кавадаречката екипа против Пелистер, со 93:77, сега на потег се раководството на клубот и субјектите (приватни и државни) во градот и во државата кои што управуваат со финансиите.

FIBA

Неофицијално најавивме дека ако не се најдат средства по мечот со гевгелискиот тим, играчите еден по еден ќе почнат да го напуштаат клубот, кој што освои три титули и беше еден од најстабилните последната деценија.

Минатата година Фени Индустри сензационално го совлада МЗТ Скопје во 1/2 финалето, играше во финалето на Купот на РМ, а сега е пред згаснување.

Фабриката Фени Индустри е во стечај, се најавува дека повторно ќе почне да работи и ќе се врати во клубот како главен финансиер, но прашање е што ќе се случува во вакуум периодот.

FIBA
Аплицирајте веднаш за

На натпреварот што може да биде последен за оваа екипа со ова име во најновата историја што трае 12-тина години, од 2005-та, најдобри поединци беа Горјан Марковски со 28 поени, капитенот Јане Петровски со 18 поени и Андреј Магдевски со 17 поени.

FIBA

Во противничкиот табор, се издвоија Мишковиќ со 18 поени, Хил со 14, Петров со 12 и Пековиќ со 11 поени.

Ќе потсетиме дека Фени Индустри е првата македонска екипа со меѓународен трофеј, освоен во Кавадарци 2011-та година на завршниот турнир на БИБЛ Лигата.

Фени Индустри одлично ја почна сезоната, но се наоѓа во незавидна финансиска ситуација, што може да резултира со „клуч на врата“.

Кавадарчани освоија три титули (2008, 2010, 2011) и два пати  играа во финалето (2009, 2012), два пати триумфираа во Купот на РМ (2008, 2010), а уште 4 пати играа во финалето (1997, 1998, 2012, 2017).

Клуб со богата традиција, за наши услови, е пред гаснење…