ПОЧЕТНА А Репрезентација Ќе биде ли ова удар и за Работнички? Нема да игра и...

Ќе биде ли ова удар и за Работнички? Нема да игра и Кирил Николовски!

сподели

Новото засилување на екипата од „Градски парк“ ќе го пропушти претквалификацискиот натпревар со Швајцарија, поради проблеми со мускулот (задната ложа) на ногата.

Кире се пожалил на болки и не ги одработел последните тренинзи, а селекторот Давитков, исто како во случаите на Костоски и Трајковски, нема да ризикува и ќе го поштеди и него.

Кирил Николовски (најлево во кадарот)

Нејасно е само колку е сериозна повредата и дали Николовски ќе може да тренира со својата нова екипа, Работнички (каде што дојде од Соколи), по завршувањето на репрезентативните обврски.