ПОЧЕТНА А Репрезентација ЈУНАК НА ДЕНОТ: Дарко Соколов издржа и со една нога!!!

ЈУНАК НА ДЕНОТ: Дарко Соколов издржа и со една нога!!!

сподели
fiba.basketball

Сакате да знаете како изгледа профил на еден вистински репрезентативец, кој што не калкулирал никогаш и кој што секогаш се појавува кога ќе биде повикан за настап, однонсо на поширок список на македонската селекција?

Тој е еден од оние што имаат право да не се појават никогаш на прозивката на сениорската репрезентација, ако воопшто и постои такво право за еден спортист.

Дресот се сака со душа, како што го сака Даре, а не за да се продадеш и потоа да те снема, да се криеш, да глумиш лудило.

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

Соколов беше класична жртва на претходни селектори, не беше константно повикуван во националниот состав иако немаме подобар играч од него на двојка во улогата што тој ја има, скоро 15-тина години. Па, тој, Дарко Соколов, во ниту еден момент не рече – „Јас нема да играм затоа што така ми светна утрово кога се разбудив.“!!!

Кочанчанецот игра во МЗТ Скопје, има 32 години, член е на, за наши услови златната генерација Португалија 2006, секогаш одмерен, тивок и домаќински ориентиран на теренот, не троши топки. Ги чува најдобрите противници и „убада“ (во моментот на инспирација не се најде соодветен збор од нашиот јазик) кога никој не очекува, а нам ни треба кош како лебец.

fiba.basketball

Соколов одигра 25 минути со ранета нога, партизански, повреден, ризикуваше, не тренираше, но излезе подготвен да гине за националното чувство и за боите на неговата земја. Докажа дека СЕ е во главата!

Постигна само 2 поена, но во клучен момент! Имаше лош процент на шут како и сите останати репрезентативци, но имаше 3 скока и 5 асистенции. Асистенција е додавање за поени, чисто додавање, кошот може да му се впише и на оној што додава.

Даре, стисни заби и в недела! Ни требаш!!!