ПОЧЕТНА ФИБА Јужнословенската кошарка во криза, европскиот првак се подалеку од Кина

Јужнословенската кошарка во криза, европскиот првак се подалеку од Кина

сподели
фото: index.hr

Ниедна од репрезентациите од поранешна Југославија не оствари победа во првото коло од главната квалификациска фаза за пласман на Светското првенство во 2019 година иако сите на помош ги имаа играчите од НБА и од Евролигата.

Србија загуби на гости кај Грција (70:63), Словенија кај Летонија (85:74), Црна Гора кај Турција (79:69), БиХ кај Финска (85:81), а Хрватска на домашен терен од Литванија (83:84).

резултати група И

Во моментов, само Србија е на позиција која води на Мундобаскетот, но допрва и претстојат директните дуели со Израел на кои нема да може да смета на најдобрите играчи.

Аплицирајте веднаш за

Останатите репрезентации од бившата Југа се пред многу голем предизвик и може да се случи првпат по распаѓањето на СФРЈ на едно Светско првенство да нема ниедна селекции од овие простори.

резултати група Ј

Во најтешка ситуација е актуелниот европски шампион Словенија која е на последното место во својата група со дури три победи помалку од третопласираната Летонија. Речиси никој во оваа земја не верува дека може да се случи чудо во финишот од овој циклус и Словенците, сепак, да се пласираат на планетарниот собир.

резултати група К

Чудото на колото го направи Бугарија која во Ботевград ја совлада фаворизираната Франција со 74:68 и тоа без кошаркарот на Работнички и еден од двајцата најдобри бугарски играчи во моментов Чавдар Костов.

Во истата група славеше и Чешка која пред своите навивачи ја победи Русија со 80:78 и ја истисна од првите три позиции кои водат на Светското првенство.

резултати група Л

Изненадување направи и Украина која пред своите гледачи ја совлада Шпанија со 76:65.

Можеби некои работи ќе бидат многу појасни по второто коло од овие квалификации чии натпревари се играат на 16 и 17 септември.