ПОЧЕТНА Во позадина Јордан „топло“ го пречека Костов

Јордан „топло“ го пречека Костов

сподели

Гостопримството за играчот на Работнички од страна на неговиот сонародник и член на МЗТ Скопје, не беше како што тој очекуваше, затоа што деновиве важи генералното и општоприфатено правило – да си центарец, па макар и натурализиран, присутен во Аеродром, пред, за време на и по вечното дерби, не е баш пријатно.

Излезе дека Јордан Минчев, сепак, е добар домаќин.

Репрезентативците на Бугарија кои што „се сретнаа“ пред ресторан-барот NEXT, откако позираа за насловната фотографија, топло се прегрнаа и продолжија пријателски разговор, пред и по ексклузивното интервју кое што ќе го прочитате и видите на нашиот портал и на нашиот Youtube канал, пред вечното дерби.