ПОЧЕТНА А Репрезентација ШВАЈЦАРЦИТЕ: Да не помисливте дека е готово???

ШВАЈЦАРЦИТЕ: Да не помисливте дека е готово???

сподели

Селекторот на нашиот противник во претквалификациите, ни ја честита победата во Скопје, но на прес-конференцијата по мечот рече дека неговата репрезентација има уште потенцијал во себе и дека ќе се бори до последниот здив.

„Одигравме само еден натпревар, Вие два. Имате две победи, ние имаме еден пораз. Но, ние не сме туристи и нема да се предадеме.

Треба да ни гостувате, не заборавајте дека ќе играме уште еден натпревар, кај нас дома. Овие претквалификации не се завршени.“ – рече Џанлука Барилари.

Само првопласираната селекција од групите во овие претквалификации, ќе се пласира во квалификациите за ЕП 2021. Македонија ја победи Швајцарија, претходно и Словачка на гости.

Аплицирајте веднаш за

Ни остануваат уште домашниот меч со Словаците и гостинскиот со Швајцарците. Ако и ние и Швајцарија ја победиме Словачка во двата дуела, тогаш ќе решава меусебниот двомеч (кош разликата) Македонија – Швајцарија.

Едно големо ако… Сепак, има уште многу да се игра.