ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шампионот тренираше тројки

Шампионот тренираше тројки

сподели

Македонскиот шампион го оствари планот и дојде до седмата победа во својот осми натпревар од Првата кошаркарска лига.

Не му требаше многу напор за да го совлада „фенерџијата“ Шкупи и на крајот славеше со 96:58.

Аплицирајте веднаш за

И покрај тоа што имаше две недели пауза во првенството, Марин Докузовски постојано играше со комбиниран состав, одморајќи ги „главните“ играчи, а поголема минутажа добија, условно, помладите. Без поголема тензија, натпреварот, заедно со паузата меѓу двете полувремиња, траеше вкупно околу 70 минути.

Дуелот почна со 12:0 за Работнички кој потоа го намали темпото. На почетокот Стајиќ и Николовски ја диригираа играта, а подоцна им се приклучи Ефремовски. Гостиварецот беше и најефикасен на натпреварот со 21 поен вклучувајќи шест тројки од 11 обиди, но и најмногу време помина на теренот – 30 минути.

Кошаркарите на Работнички тренираа шут од далечина бидејќи упатија 39 удари од кои 17 прецизни. За два поена имаа 26 обиди.

Единствениот кај Шкупи кој му парираше на фаворитот беше новодојдениот Брендон Билбија кој заврши со 16 поени и 16 скока.