ПОЧЕТНА Евролига Шампионот со 8 играчи ја победи Басконија

Шампионот со 8 играчи ја победи Басконија

сподели
euroleague.net

Европскиот првак Фенербахче рамномерно ја распореди силата со која што располага меѓу 6 кошаркари, кои што беа двоцифрени во поентерскиот учинок и успеа солидно да слави кај шпанскиот претставник во елитното натпреварување, со 69:83.

euroleague.net

Победата на турската екипа не беше воопшто под знак прашалник, затоа што Нанали со 16 поени, Слукас со 14, Датоме со 12, Вонамејкер со 11 (6 скока, 4 асистенции), и Мели и Весели со по 10 поени, не дозволија такво нешто.

euroleague.net

Шенгелиа со 13 поени беше прв стрелец кај домаќинот, а по 10 постигнаа Тима, Уертас и Бубоа. Фојтман имаше 6 скока, сите дефанзивни и само 3 поени.

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

За Фенербахче ова беше седма победа во тековното континентално првенство. Составот на Жељко Обрадовиќ има и три порази. Басконија го регистрира шестиот пораз, има и 4 победи во 10 елитни кола.

euroleague.net

Во следната рунда Басконија повторно игра дома, шпанско дерби со Малага, а Фенербахче ќе се врати на Пиринејскиот полуостров и ќе и биде гостин на Барселона, во „Блауграна“.