ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хрватите уште му се воодушевуваат на Тодор Гечевски!

Хрватите уште му се воодушевуваат на Тодор Гечевски!

сподели

Иако поминаа 11 години откако си замина од Задар, поранешниот македонски репрезентативец, сега функционер во Кошаркарската федерација уште им е во добри спомени на сите во Хрватска.

Тамошниот кошаркарски портал crosarka.com објави текст за кавадарчанецот во кој потсети на неговите успеси и достигнувања. Гечевски играше за Задар пет години и во тој период освои две титули и три купа на Хрватска. И натаму е најдобар стрелец во историјата на клубот кога станува збор за АБА лигата, како и прв странец-капитен на еден од најхаризматичните европски кошаркарски клубови.

По заминувањето од Задар, Гечевски играше во ПАОК, МЗТ Скопје и Работнички. Кариерата официјално ја заврши на 30 септември 2016 година, против Фенербахче, на одбележувањето на 75-годишнината од постоењето на Работнички.