ПОЧЕТНА АБА Хрватите го фалат МЗТ, Тодоров е присебен

Хрватите го фалат МЗТ, Тодоров е присебен

сподели
aba-liga.com

Во најавата за следниот меч на нашиот претставник во АБА лигата, тренерот на Цедевита се обидува да ги задржи будни своите играчи, истакнувајќи ги, според него, квалитетите на македонската екипа.

„МЗТ Скопје има одличен напаѓачки талент. Воедно, нема што да загуби на гости кај нас. Тоа се најтешките натпревари.

Сепак, има некој оптимизам кај мене, мислам дека не смееме да имаме проблеми на овој натпревар.“ – рече Јуре Здовц, за официјалниот сајт на АБА.

aba-liga.com

Тренерот на шесткратниот и актуелен македонски шампион, знае колку е квалитетна Цедевита и знае дека неговата екипа се уште не го постигнала максимумот во формата.

„Прв пат сезонава ќе играме во составот што го имам на располагање. Потребно е време за уигрување, но немаме време и свесни сме за тоа.

Свесни сме и за квалитетот на хрватскиот шампион, кој што има по двајца квалиеттни играчи на секоја позиција.“ – изјави Александар Тодоров.