ПОЧЕТНА НБА Хауард казнет поради „имитирање“ сексуален акт кон публиката на Кавалирс

Хауард казнет поради „имитирање“ сексуален акт кон публиката на Кавалирс

сподели

Центарот на Шарлот Хорнетс ќе плати 35.000 американски долари во касата на НБА лигата, затоа што се однесувал спротивно од спортските начела, односно покажувал непристојни гестови кон публиката на мечот во Кливленд.

Канцеларијата на НБА добила видео доказ за потегот на Хауард, во поразот на неговата екипа 100:99. Ветеранот ја игра 14-та сезона, со просек од 15.5 поени и 12.9 скока во 18 натпревари.