ПОЧЕТНА НБА Харден ја менува историјата во НБА

Харден ја менува историјата во НБА

сподели

Играчот на Хјустон Рокетс има најмалку по 20 поени и 5 асистенции во сите 22 натпревара на стартот на сезоната, што е прв ваков случај во НБА лигата. Претходниот рекорд беше на Ален Ајверсон, 14 вакви натпревари во сезоната 2005/06.

Џејмс Харден е лидер според постигнатите поени во просек (31.5) сезонава и според реализираните асистенции (9.8). Минатата сезона за влакно му избега МВП признанието, а беше прогласен за најдобар играч на Западот во првиот месец од тековната сезона.