ПОЧЕТНА НБА Харден и Гордон за нова лекција за Лејкерс

Харден и Гордон за нова лекција за Лејкерс

сподели

Брадата постигна 36 поени, Ерик Гордон додаде 22 во триумфот на Хјустон во ЛА, 95:118. Тоа беше 7-ма победа во низа за Рокетс, 6-та редоследна гостинска и 13-та на последните 14 натпревари. Одбраната на Рокетс го наведе противникот на 21 загубена топка, за потоа да постигне 27 поени.

Крис Пол постигна 21 поен, а Џејмс Харден имаше и 9 асистенции. Кузма имаше 22 поена кај Лејкерс, Инграм 18, Поуп 16, Ненс 15, а Бол само 2 поена со сите промашени удари од поле, во 5-тиот редоследен пораз на нивната екипа.