ПОЧЕТНА НБА Хаким сака да го подучува Порзингис

Хаким сака да го подучува Порзингис

сподели

Летонецот има 222 сантиметри, сезонава постигнува 27.3 поени по натпревар со 7.2 скока и 2.3 блокади, но легендата на НБА лигата смета дека „центарот кој што се движи како плејмејкер“ може уште да напредува во играта.

„Мислам дека кога тој игра, кошарката изгледа најлесната работа на светот. Порзингис е многу вешт и поседува кошаркарска интелегенција.

Поради неговата висина, тој игра одлично со грб кон кошот, што на тренерите им ја олеснува задачата.

Хаким и Шекил, во последното „златно време“ на НБА лигата.

Секогаш може да поработи на мускулната маса, тоа не е проблем за никого. Има одлични движења, дури шутира и за три поени.

На паркетот, Порзингис може да прави што сака.“ – рече Хаким Олајџувон.