ПОЧЕТНА ФИБА Франција, Литванија, Грција, Турција и Чешка чекорат сигурно

Франција, Литванија, Грција, Турција и Чешка чекорат сигурно

сподели
FIBA

Франција е доминантна сила во квалификациското друштво за следното СП, славеше убедливо против БиХ, а Русите ја забележаа првата победа по поразот кај Босанците во првата рунда.

Белгија има два пораза, но во ова група три селекции се со шанси за втората и третата позиција, кои што водат во следната квалификациска фаза.

Група Е

Аплицирајте веднаш за

Франција – БиХ 84:65
Русија – Белгија 76:69

Франција 2/0
БиХ 1/1
Русија 1/1
Белгија 0/2

FIBA

Откако Грција се издвои на врвот со 2 победи, Естонците и Израелците се кандидати за втората и третата позиција во групата, но Британците имаат потенцијал да им ги поматат сметките.

Група Х

Естонија – В. Британија 73:70
Грција – Израел 82:61

Грција 2/0
Израел 1/1
Естонија 1/1
В. Британија 0/2

FIBA

Литванија е апсолутен фаворит во друштвото и лидер, со две победи. Полска и Унгарија имаат по една, Косово е без победа по првите две кола.

Група Ц

Литванија – Полска 75:55
Унгарија – Косово 84:76

Литванија 2/0
Полска 1/1
Унгарија 1/1
Косово 0/2

FIBA

Турците не оставаат ништо на случајот, со две победи се на врвот во групата, пред Украина и Летонија со по една победа и Шведска без триумф.

Група Б

Украина – Турција 69:67
Летонија – Шведска 82:73

Табела:

Турција 2/0
Украина 1/1
Летонија 1/1
Шведска 0/2

FIBA

Чешка го оправдува епитетот фаворит и со 2 победи е лидер во групата, пред Финска и Бугарија со по една победа, односно Исланд без триумф по 2 кола.

Група Ф

Финска – Чешка 56:64
Исланд – Бугарија 74:77

Чешка 2/0
Финска 1/1
Бугарија 1/1
Исланд 0/2