ПОЧЕТНА НБА (ФОТО) Гаф на годината: Леброн ќе се бори за руки на сезоната

(ФОТО) Гаф на годината: Леброн ќе се бори за руки на сезоната

сподели

Официјалниот записник од натпреварот меѓу Сан Антонио Спарс и Лос Анџелес Лејкерс донесе еден од најинтересните моменти оваа сезона во НБА лигата.

Уште не се знае која е причината поради што првата ѕвезда на тимот од Калифорнија, Леброн Џејмс е запишан како дебитант.

Тој е во НБА од 2003 година, во два наврата играше во Кливленд и еднаш во Мајами пред летово да се пресели во Лејкерс.

„Тоа сум јас? Ќе се борам за титулата ‘руки на годината’“, напиша, меѓу другото, Леброн на својот профил на Инстаграм.

Аплицирајте веднаш за

Сан Антонио трет пат оваа сезона го победи тимот на Лос Анџелес Лејкерс во нивниот четврти дуел, сега со 133:120.