ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Фени не се шегува, го освои и Куманово

Фени не се шегува, го освои и Куманово

сподели
фото: kumanovskimuabeti.mk

Трета победа во последните четири кола и трето место на табелата за поранешниот шампион иако со натпревар повеќе од дел од ривалите.

Фени Индустри полека си го наоѓа своето место во елитата откако минатата сезона помина низ тешки финансиски проблеми. На гостувањето кај Куманово славеше со 64:76 во едно од своите најдобри изданија во актуелната прволигашка сезона.

Аплицирајте веднаш за

Клучен период беше втората четвртина која кавадарчани ја одиграа речиси беспрекорно во нападот и ја создадоа двоцифрената предност која, со мали осцилации, ја задржаа до крајот на натпреварот. Во 16. минута беше 24:36, а во 18. и 33:46 за гостинската екипа.

Куманово во третиот период намали на шест поени разлика, но во последните десет минути Фени повторно заигра на свој начин, отиде на +12 и повеќе немаше шанси за домашната екипа.

Играчите на Александар Петровиќ немаа одговор за американскиот тандем Фандербург-Мајер кој комбинирано постигна 54 поени. Мајер имаше и дабл-дабл.

Кај Куманово далеку пред сите беше Ѓекиќ со 27 поени иако и Мекиќ одигра добар натпревар. За оваа екипа денешниот пораз беше четврти во последните пет кола, па во вториот дел од сезоната грчевито ќе се бори да го задржи шестото место кое води во Суперлигата.