Поранешниот македонски првак со победа ја почна новата сезона во Првата лига.
Пред своите навивачи во салата “Јасмин”, Фени го совлада Пелистер со 86:68 и тоа благодарение на одличната игра во последната четвртина.
На крајот од третиот период домаќините имаа само пет поени предност (60:55), но во последните десет минути фунционираше се во составот на Љупчо Малинков и кавадарчани дојдоа до убедлив триумф.
Предраг Пајиќ со 22 поена го предводеше својот тим, а дабл-дабл оствари Фанденбург кој заврши со 15 поени и 10 скока.
Кај Пелистер, Џаморд постигна 21 поен, а Трсунов додаде 15.