ПОЧЕТНА Младински лиги Уште еден убедлив пораз на јуниорите на МЗТ Скопје

Уште еден убедлив пораз на јуниорите на МЗТ Скопје

сподели

По воведниот триумф против Морнар, МЗТ Скопје го претрпе вториот пораз во низа во јуниорската АБА лига.

Подобра од нашиот тим беше Мега Бемакс која славеше со 88:67. МЗТ Скопје парираше само во првите шест минути кога резултатот беше 15:16.

Аплицирајте веднаш за

Во следните 12 минути активна игра МЗТ Скопје постигна само шест поени, а прими 22 и на истекот од втората четвртина на семафорот стоеше 47:22. Нашите кошаркари се обидоа да се вратат со низа од 9:0, но освен што се доближија на 15 поени негатива на стартот од второто полувреме, не успеаја да ја загрозат победата на противникот.

Мега рутински ја одржуваше разликата меѓу 15 и 22 поени, па во тие рамки беше и конечниот резултат.

Статистиката вели дека српскиот тим беше подобар во сите сегменти, освен во загубените топки (21:12). Пред се во скок играта (50:29), а и шутот беше далеку на страната на Мега.

Трет натпревар по ред Крстевски го водеше МЗТ Скопје, но сега имаше најслаб ефект: 16 поени, пет скока и две асистенции. Кај Мега, Јовановиќ постигна 20 поени и 12 скока за индекс 34.

Попладнево, МЗТ Скопје го игра последниот натпревар од групната фаза во АБА лигата. Противник е најголемиот фаворит за титулата Црвена Звезда.