ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Урош Луковиќ воодушевен од МЗТ Скопје!

Урош Луковиќ воодушевен од МЗТ Скопје!

сподели

Урош Луковиќ е фасциниран од она што го доживеал додека беше член на МЗТ Скопје.

Иако играше и за Партизан, а сега е член на Морнар од Бар, српскиот центар во интервју за Моцартспорт тврди дека МЗТ Скопје има најдобри услови. Додуша, не потенцира дали мисли на АБА лигата или на домашното првенство.

„Најдобри услови за работа и тренинзи во целата лига има МЗТ Скопје. Тоа го нема никој“, вели, меѓу другото, Луковиќ кој освен во МЗТ Скопје играше и за Куманово и Кожув.

Идната недела тој ќе се врати во Скопје бидејќи со тимот на Морнар гостува во рамките на 11. коло од АБА лигата.