ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТОДОРОВ: Дербито е судир на две филозофии, во следниве 4 сезони НИЕ...

ТОДОРОВ: Дербито е судир на две филозофии, во следниве 4 сезони НИЕ ќе играме за титулите

сподели
МЗТ Скопје е минато, искусниот стручњак има нова работа

Просторот меѓу два натпревара од АБА лигата, македонскиот првак МЗТ Скопје ќе го пополни со најголемото дерби на домашната кошарка, против Работнички.

Тимот од Градски парк одлично почна во Првата лига, МЗТ Скопје уште се бара, но полека ги надминува проблемите со кои што се соочуваше досега.

Меѓусебниот ривалитет е огромен, па во овие случаи се забораваат и сите повреди и сите други обврски и се што било претходно или што следува. МЗТ Скопје сериозно го пречекува натпреварот против Работнички.

Изменетиот МЗТ Скопје, пред првиот сериозен тест во домашното првенство, сезонава.

„Пред почетокот на сезоната реков дека за домашното првенство ќе размислувам по 10-ти март, односно кога ќе завршиме со настапите во АБА лигата.

Но, натпреварот против Работнички е нешто сосема поинакво. Првпат оваа сезона во домашното првенство правиме комплетен скаутинг на противникот. Сакаме победа по секоја цена.

Ова дерби претставува судир на две филозофии. Работнички ќе се обиде да не запре со силна одбрана и да не ограничи на околу 60 поени.

Ние одиме на офанзива и над 80 постигнати поени. Кој ќе успее во својата намера, тој ќе слави.” – вели тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров во изјава за basketball.mk.

Според Тодоров, новиот „вечен натпревар“ ќе го означи стартот на новата четиригодишна војна меѓу МЗТ Скопје и Работнички.
Аплицирајте веднаш за

Ова е негов четврти мандат на клупата на шампионот, но првпат по долго време, вечните ривали се израмнети по својот квалитет и двата клуба со подеднакви шанси, атакуваат на титулата во домашното првенство.

„Не би се согласил со констатацијата околу израмнетоста, но коментарот ќе го задржам за себе. Јас ги почитувам сите клубови во Македонија, не ги делам на големи и мали, но Работнички и МЗТ Скопје „ја прават“ кошарката во земјава.

Од оваа гледна точка, можам да кажам дека во следните четири сезони овие два клуба ќе се борат за трофеите во македонската кошарка” – додава Тодоров.