ПОЧЕТНА А Репрезентација ТИ СИ НАШ: Капитену, и кога не те сака, ние те сакаме!!!

ТИ СИ НАШ: Капитену, и кога не те сака, ние те сакаме!!!

сподели
fiba.basketball

Војдан Стојановски одигра исклучително (статистички) лош натпревар на гостувањето во Приштина, но не потклекна кога се шутираа слободни во финишот и беше еден од креаторите на победата.

Целата екипа беше креатор, одигра тимски како никогаш досега, си даде за право да се надева дека ќе ги помине овие претквалификации и дека ќе игра вистинска кошарка во следниот филтер, а тоа се квалификациите за ЕП 2021.

fiba.basketball

Кошаркарот на германскиот Олденбург не можеше да погоди базен, а не обрачот, во текот на целиот меч, за разлика од, на пример, неговиот близнак Дамјан, кој што торпедираше од сите страни.

Аплицирајте веднаш за

Но, тоа е спортот, тоа е тимската игра, тоа е победничкиот менталитет. Колку пати претходно одиграл НБА натпревар, колку пати претходно бил лидер на репрезентацијата (и се уште е, никогаш не ја загубил таа улога), колку пати претходно не воодушевувал сите нас?

Има и тој право на лоша вечер (2/13 од поле, 2/10 за два поена, 0/3 за три поена, 5/8 од линијата за сободни), но машкоста што го краси излезе на површина на крајот. За 32 минути постигна 9 поени, знаеше Јоцо Давитков дека треба да го остави во игра во финишот и да му даде доверба во текот на целата средба. Знаеше!

fiba.basketball

Кога противникот помисли дека тој е оној што треба да биде фаулиран, заборави на 5/5 во ударите за три поени во четвртфиналето во Литванија 2011-та, заборави на маестралните шутерски вечери на Војдан Стојановски.

Кога ќе заборавиш, тоа скапо ќе те чини, нели?

Импонира и поддршката што Војдан ја добиваше во текот на целиот меч, од сите соиграчи – „Ајде, мајсторе, мора да ти тргне, мора!“. Останатото го видовте на натпреварот…