ПОЧЕТНА Евролига Тешка вечер за Барса во Москва, „супер-купот“ за Реал

Тешка вечер за Барса во Москва, „супер-купот“ за Реал

сподели

ЦСКА Москва никогаш нема проблеми во лигашкиот дел од Евролигата и така најверојатно ќе биде и оваа сезона.

Пред своите навивачи, “вечниот” руски шампион буквално си поигра со Барселона и ја победи со 95:75. Каталонската гордост беше рамноправен противник само во првата четвртина, потоа Кори Хигинс постигна 12 поени за четири минути, вклучувајќи три тројки и се беше решено.

Аплицирајте веднаш за

Хигинс заврши како прв стрелец со 18 поени, Де Коло постигна 17, а Клајбурн 13. Кај Барселона, Курук и Блажиќ беа единствен со двоцифрен ефект – првиот со 15, вториот со 11 поени.

Реал Мадрид славеше во неофицијалниот супер куп на Европа бидејќи се сретна со актуелниот освојувач на Еврокупот, Дарушафака.

Европскиот шампион беше далеку подобар, победи со 109:93 демонстрирајќи уште еднаш тимска игра на која можат да му завидат сите екипи во Европа. Сите играчи се запишаа во листата на стрелците, а дури шестмина постигнаа двоцифрен број поени.