ПОЧЕТНА А Репрезентација СТАЈИЌ: Благодарност до публиката, ни требаше време да се прилагодиме на противникот

СТАЈИЌ: Благодарност до публиката, ни требаше време да се прилагодиме на противникот

сподели
Куманово доби големо засилување на плејмејкерската позиција

Во моментите кога е без клуб, Бобан Стајиќ го одигра најдобриот натпревар во репрезентацијата и има огромна заслуга за триумфот против Швајцарија.

Во првото полувреме противникот се закани дека резултатски ќе се одлепи, но тука беше довчерашниот играч на МЗТ Скопје со неколку поени во низа и добра одбрана да спречи такво нешто.

Аплицирајте веднаш за

Оние 15 минути на теренот плејмејкерот ги искористи максимално: постигна 11 поени, три асистенции и две украдени топки.

„Благодарност до публиката за поддршката што ни ја даде на овој натпревар. По долго време игравме пред добро исполнети трибини и во позитивна атмосфера што беше голем поттик за нас.

Ни требаше малку време да се прилагодиме на противникот затоа што ни беше непознат. Во второто полувреме ги запревме неговите главни играчи и нивниот шут и дојдовме до убедлива победа”, рече Стајиќ.