ПОЧЕТНА НБА Со Грифин не е најлошото, но лошо е

Со Грифин не е најлошото, но лошо е

сподели

Ол-Стар центарот на Клиперс има истегнување на медијалниот колателарен лигамент (MCL) на левото колено и може да отсуствува и до два месеца од терените, стои во официјалното соопштение на франшизата од ЛА.

Tетсовите покажале дека нема нарушување на структурата на зглобот, но сепак времето за рехабилитација од вакви повреди може да биде долго, а воедно ако „местото“ на ваква повреда не се санира доволно може да биде подложно на нова, посериозна повреда, како што е кинење на лигаментот.

Аплицирајте веднаш за

Блејк Грифин се повреди во последните минути од победата против Лејкерс, кога се судри со тимскиот колега Остин Риверс во жарот на борбата за една ничија топка.