ПОЧЕТНА А Репрезентација СОКОЛОВ: Репрезентацијава има карактер

СОКОЛОВ: Репрезентацијава има карактер

сподели

Репрезентацијата на Македонија ја очекува вториот натпревар од вториот циклус претквалификации за Европското првенство во 2021 година.

Противник е Романија, три дена по победата над Косово која ни го отвори патот кон првото место во групата.

Аплицирајте веднаш за

Евентуален триумф и во вториот меч дополнително ќе го симне притисокот од нашите репрезентативци кои во следните два прозорци на ФИБА, во декември и февруари, ќе влезат максимално растоварени.

Дарко Соколов беше еден од најдобрите во Приштина иако на подготовките доживеа ситна повреда и не играше на пријателскиот дуел со МЗТ Скопје. Искусниот бек смирено го очекува мечот со Романија.

„Радува тоа што го покажавме на дуелот со Косово, покажавме карактер кој ја краси оваа репрезентација последната година. Имаше такви што не веруваа во нас, но ние ги демантираме од натпревар во натпревар.

fiba.basketball

И Косово направи притисок во второто полувреме, но кога беше најтешко, ние се издигнавме, покажавме дека поседуваме квалитет и искуство и дојдовме до победата која може да излезе мошне значајна.

Нема причина на ист начин да не одиграме и против Романија. Подготвени сме за секој предизвик и не планираме да потклекнеме“, изјави Соколов.

Од ланскиот меч против Естонија во претквалификациите за Светското првенство, Македонија е во низа од три победи на домашен терен. Би било прекрасно кога оваа серија би продолжила.